Хакери го објавија сорс кодот на New York Times од GitHub

Од јануари 2024 година, непознати хакери имаат пристап до сорс кодот и дел од податоците на New York Times. Минатата недела сите податоци беа објавени на 4chan. Дел од овие податоци е и изворниот код за супер популарната игра Wordle.

Објавата на 4chan први ја споделија VX-Underground. Торентот на платформата е споделен од анонимен корисник, без никакви услови за негово преземање.

Податоците се достапни преку огромен торент од 273GB. Во него се спакувани сите украдени податоци. Во над 50 репоа се распределени 3,6 милиони фајлови во некомпресиран .tar формат. Најголем дел од репоата се некриптирани, а бројот на критпирани е околу 30. Ако и веруваме на објавата на 4chan, ова е целиот код кој е сопственост на New York Times.

Од новинската организација е украдена ИТ-документација, алатки за инфраструктура и кодот на популарната игра Wordle, пренесе Bleeping Computer.

Напаѓачите објавија дека сите податоци се украдени од GitHub репоата на New York Times со јавен GitHub токен. Веста за кражбата ја потврди и издавачот.

Настанот поврзан со вчерашната објава се случи во јануари 2024 година, кога податоци за пристап до трета страна (облачно-базирана платформа за кодирање) случајно беа направени достапни. Проблемот беше брзо идентификуван и презедовме соодветни мерки како одговор. Нема индикации за неовластен пристап до системите на Times, ниту пак има влијание врз нашите операции поврзани со овој настан. Нашите безбедносни мерки вклучуваат континуирано следење на сомнителни активности.

Добра вест е дека со објавените податоци не се зафатени интерните системи и нема да има никакво влијание на работата. Дополнително податоците кои се дел од објавата не ги зафаќаат интерните деловни системи на компанијата. Ова не значи дека не постои никаква опасност. Во споделените податоци има и JavaScript и TypeScript, но и лични податоци.

New York Times беа жртви на онлајн напади и во минатото. Во јануари 2013 година беа цел на напад на кинески хакери. Причината за тој напад беше истрагата за богатството на тогашниот кинески премиер Вен Џиабао. Во август 2013 година организацијата беше жртва на сајбер напад кој го изврши Сириската електронска армија. Во овој период дел од сервисите на издавачот беа повремено недостапни. Руски напаѓачи ги нападнаа во 2016 година. Тогаш ги нападнаа имејл адресите на New York Times, но и на повеќе американски издавачи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk