1 коментар 2 мин. читање 25 јули, 2012

Грција истера своја спортистка од Олимпијадата поради расистички твит

Грчкиот Олимписки комитет и рече на атлетичарката Вола Папахристо да си седи дома поради твит во кој ги исмева афричките имигранти кои се доселени во Грција. Спортистката која се натпреварува во троскок требаше да патува во Лондон каде се одржува Олимпијадата со почеток од 26-ти јули.

Расистичкиот твит во кој таа вели “комарците од Западен Нил ќе вкусат домашна храна“ поради бројните африканци во Грција сега е избришан од нејзиниот профил, и наместо него е објавено извинување.

„Ви сакала да се извинам за моите безвкусни шеги кои ги објавив на мојот Twitter профил. Се извинувам и сум посрамена за негативните реакции кои ги добив, бидејќи никогаш не сакав да навредам, ниту да прекршам човекови права.“

На оваа Олимпијада 2012 се очекува друштвените мрежи да одиграат голема улога во промовирање на спортот, спортистите и да обезбедат подобра интеракција со публиката. Веќе се охрабрува поврзување со спортистите, но не без правила. Олимпискиот комитет забрани да се споделуваат фотографии и видеа на друштвените мрежи од внатрешноста на олимписките објекти. Забрането им е и да споделуваат содржина која е врзана со спонзорства.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Стефан
Стефан
13 years ago

"Тројниот скок"??? "Троскок"!!!

Мени
Заедница
Изглед
To top