0 коментари 1 мин. читање 10 јули, 2018

Groupon е на продажба, компанијата бара партнер

Groupon наскоро би можел да се најде на продажба, компанијата сè уште се обидува да пронајде купувач. Директори на компанијата и банкари се обидуваат да пронајдат некој кој ќе биде заинтересиран, велат извори за Recode.

Веста дека Groupon е на продажба не е ниту изненадување, ниту новост. Компанијата не крие дека е заинтересирана веќе неколку месеци, но последниот период се обидуваат и самите да пронајдат партнер.

Во 2011 година интерес за Groupon покажа Google. Од Google понудија само 6 милијарди. Grouper не ја прифати понудата, што беше оценето како паметна финансиска проценка. Една година подоцна, Groupon беше проценет на 16 милијарди долари.

Процената е дека денес компанијата вреди 2,84 милијарди долари.

Еден од потенцијалните купувачи е и кинескиот гигант Alibaba кој веќе поседува 6% од компанијата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top