Google започнува да тестира достава со дронови и во Европа

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Wing е одделот на Alphabet (Google) во кој компанијата тестира достава со дронови. Досега тестовите беа достапни единствено во САД, но тоа ќе се промени од следната година.

Компанијата од 2019 започнува со тестови во Финска, јави TechCrunch. Пилот проектот започнува напролет, а првите достави ќе бидат бесплатни. Ова се први тестови во Европа. Летовите ќе бидат релативно куси на растојанија до 10 километри, а товарот, поточно пакетите ќе тежат најмногу 1,5 килограми.

Причина за избор на Финска како прва дестинација за тестовите се граѓаните на оваа држава кои лесно и брзо прифаќаат нова технологија. Во анкета која ја одговориле Финците од Wing дознале дека појадок, ручек, лекови за болка и основи работи за домаќинство се дел од предметите за кои се најзаинтересирани.

Нарачката е преку апликација за паметен телефон, а во тест фазата секоја достава ќе биде бесплатна.

Wing досега тестираше во Австралија и во соработка со NASA тестира во САД. Во Австралија компанијата досега има над 55 000 летови.

Image courtesy of Google / https://x.company/projects/wing/

Од Alphabet тврдат дека со достава со дрон помалку се загадува. Загадувањето со гасови кој придонесуваат за ефект на стаклена градина во најголем дел доаѓа од транспорт, дури 27%. Со Project Wing ова загадување ќе се намали.

Google работи и на автономни дронови за испорака, но барем засега тоа не е фокус на тестовите во Финска.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments