0 коментари 1 мин. читање 20 септември, 2010

Google воведе побезбедно, двојно логирање за Google Apps

Моментално оваа безбедносна мерка е достапна само за бизнис корисниците на Google Apps, но најавено е дека двојното логирање за неколку месеци ќе биде достапно за стандардните корисници на Google Apps и индивидуалните корисници.

Со ваквото логирање нема да се грижите дали некој ви ја пробил лозинката, бидејќи за да пробие во вашиот Gmail или Google Docs ќе треба да ви го украде и телефонот. Иако е поспоро логирање, треба 2-3 минути наместо 20 секунди за логирање, но дефинитивно е побезбедно.

Google исто така направи и „Google Authenticator” апликација за Android, iPhone и Blackberry со која ќе можете да добивате код од шест цифри за верификација при логирање на некој од сервисите на Google. Google ќе го објави отворениот код на оваа апликација за други компании да можат да го искористат.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top