0 коментари 2 мин. читање 20 септември, 2016

Со Google Trips патувањето е многу поедноставно

Добри вести за луѓето од Шведска кои на одмор одат од ноември до февруари.  Google издаде нова одлична апликација Trips која многу го олеснува планирањето на одморот. За жал за сите останати, апликацијата пристигна предоцна за да биде искористена за време на летните патувања и одмори оваа година.

Апликацијата истовремено собира сѐ што е потребно за патување: потсетници; карти; можности за одбележување на местата за посетување; упатства за пристигање. Најважно, ова е достапно за користење и офлајн, па кога кориникот ќе пристигне на својата дестинација нема да мора да се грижи, дали ќе се снајде со интернет конекција. Во Trips се сместени над 200 познати туристички локации, но ова е потребно единствено за користење на „волшебниците“.  Освен автоматскo креирање на тури, корисниците можат и сами да го креираат своето совршено патување.

trps-pics

Trips овозможува најдобро искуство, од слетувањето на авионот до пристгнувањето дома. Корисникот може да микро-менаџира се: од рутите до хотелот; локациите; слободно време за шетање; настани кои сака да ги посети; ресторани и ноќни клубови; па се до поодалечните места до кои би сакал да патува.

Google Trips е достапна на Android и iOS.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top