0 коментари 2 мин. читање 10 ноември, 2011

Google Think Insight е непресушен извор на информации

На почетокот од оваа година, Google лансираше веб сајт на кој може да се најде секое издание од списанието Think Quarterly, како и видео платформата Think Voices. Тимот кој стои зад проектот Think With Google, стартуваше нов проект наречен Think Insights, кој ќе претставува центар за најновите потрошувачки трендови, разни истражувања на пазари и маркетинг информации.

Think Insights ќе вклучува статистики, голем број на алатки за истражување, факти, инфографици, видеа, презентации и многу други информации кои ќе им користат на маркетарите. Една од најистакнатите опции на Think Insights e алатката Real Time Insights Finder, која овозможува во реално време да се откриваат најновите трендови во одредена област.

Проектот исто така вклучува и голема библиотека во која може да се најдат истражувања и студии од глобални брендови. Веб сајтот исто така има алатка наречена Out Mobile Planet, која овозможува да се октријат најновите информации од мобилната индустрија и нејзиниот развој, додека опцијата Thinking Ahead нуди информации за идните трендови.

Think Insight има уште многу други опции и мора да се посети за да се доживее обемноста на проектот. Благодарение на убаво дефинираните категори веб сајтот е прегледен и лесен за употреба. Think Insight претставува рај за оние кои што се вклучени во интернет маркетингот, меѓутоа сигурен сум ќе им се допадне и на сите што сакаат да бидат во тек со најновите трендови.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top