Целта на социјалното пребарување е да ни овозможи да добиеме повеќе информации од луѓето кои ни се важни, односно од нашите контакти, и да видиме што споделиле на Youtube, Flickr, Twitter, Facebook, на било кој блог или веб страница.
Новините откако е првпат представено ваквото пребарување во 2009 се тоа што отсега резултатите кои се поврзани со ова социјално пребарување нема само да се на крај туку ќе бидат растурени низ другите резултати, секако според релевантноста и ако некој ваш пријател споделил некој линк на било која страница, блог итн., ќе добиете и информација за тоа во пребарувањето во реално време, во момент на објавувањето. И двете новини се појавуваат како сликичка од пријателот и информацијата до него, под линкот од резултатот од пребарувањето. Потребно е да сте логирани на вашиот Google профил за да може да ги видите друштвените резутати.
Исто така, новина е и тоа што покрај тоа што може да ги поврзувате вашите сметки на други сервиси со вашиот Google профил јавно, тоа отсега ќе можете да го направите и со вашата Google сметка приватно, без да споделувате со никого.
Засега овие опции се достапни само на англиски, односно на google.com, но не и на google.mk.
И видео каде се објаснети промените: