0 коментари 2 мин. читање 23 јули, 2014

Google со нови функционалности на Google Maps зависно од периодот на денот

Google тестира функција со која на корисниците на Google Maps ќе им овозможи да ја истражат својата околина. Дел од овие предлози ќе им бидат презентирани на корисниците додека се движат кон својата дестинација, јави  Android Police. Промените им се достапни на дел од корисниците кои ги надградиле Google Maps на 8.2, а не се наведени во промените.

Слична опција е веќе достапна на сите корисници со тоа што треба да одберат „Explore Nearby“. За разлика од претходно, наскоро категориите ќе бидат поделени прикладно во зависност од времето на денот.

Па така претпладне, мапите ќе препорачуваат музеи, галерии и останати културни локации, додека навечер Google Maps ќе препорачува барови, кафиќи или слични објекти во близина. Корисниците и самите ќе може да одберат кои локации во кој временски период ќе им бидат презентирани.

Засега останува непознато кога промените ќе им бидат достапни на сите корисници, но и дали станува збор за финална верзија на функционалноста. Дополнително, верзијата 8.2 доаѓа со приказ на висински коти за велосипедските патеки и гласовни акции при навигација.

 
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top