0 коментари 2 мин. читање 16 јули, 2014

Google се договори со Novartis да ја направат паметната контактна леќа

Google е во соработка со европскиот фармацевтски гигант Novartis на кој му ги отстапи правата за креирање на леќата за мониторирање на нивото на шеќер во крвта која ја разви тајната лаборатирија Google Х. Леќата овозможува мерење на гликозата во солзите и бежично ги испраќа податоците до мобилен уред. Се очекува уредот значително да ја олесни состојбата на болните од шеќерна болест кои секојдневно треба да го проверуваат нивото на шеќер, најчесто со земање на крв од врвовите на прстите.

Податоците кои се добиваат преку леќата директно на телефонот ќе овозможат нивно надгледување, но и следење од страна на медицинско лице. Еден од најголемите пречки е миниатуризацијата, а тоа е најголемиот бенефит што Google X го носи. „Оваа група на инженери прави навистина неверојатни работи со технологијата“, вели Жо Хименес од Novartis.

Novartis работи и на уште еден сличен производ леќа која ќе му помага на окото да фокусира, слично како автоматскиот фокус на фотоапаратите. Сепак г. Хименес вели дека засега се потребни неколку години и дека одат чекор по чекор, пренесува New York Times.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top