1 коментар 1 мин. читање

Google сака да гради фибер оптички мрежи во Европа

Подпретседателот на Google, Дејвид Друмонд, одговорен за корпоративен развој, на состанок на француското Министерство за индустрија изјави дека Google планира да изгради фибер мрежа некаде во Европа, без да потенцира каде точно овој проект би бил имплементиран.

Причина за интересот на Google да инвестира во изградба на фибер оптичка мрежа, доаѓа од тоа што европските телекомуникациски компании се под голем притисок да инвестираат во изградба на мрежи за ултра брз интернет низ целиот континент. Европската Унија често ги критикува телекомуникациските компании за тоа што не инвестираат во развојот на ултра брзиот интернет. Европската Унија сака широкопојасни поврзувања од 30 мегабити во секунда да бидат достапни на сите жители од Унијата до 2020 година.

Комесарот за Дигитална агенда на Европската Унија, Нили Крос, проценува дека потребната инвестиција за ваков проект би изнесувала 300 милијарди долари. Телекомуникациските компании не сакаат да ризикуваат во изградбата на вакви мрежи без да имаат загарантиран профит од тоа.

Google предходно најави сличен проект наречен Google Fiber чија цел е да им овозможи на обичните граѓани пристап до ултра брз интернет. Овој проект треба да се спроведе во Канзас Сити, и инжинери веќе го спремаат теренот за најавената мрежа. За овој проект без заинтересирани 1.100 американски градови.

(via Market Watch)

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top