Google работи на нов, сопствен сервис за регистрација на интернет домени, Google Domains. Услугата е засега во бета и компанијата не се подготвена да ја понуди на сите заинтересирани, па за креирање и трансфер на домени засега е потребна покана. Доколку ви се допаѓа идејата да бидете хостирани од Google не се возбудувајте премногу, компанијата единствено ќе се погрижи за регистрацијата на доменот, а за хостирањето и се останато ќе се погрижат партнерите на компанијата: Squarespace, Wix, Weebly, Shopify, јави Verge.
Google на своите корисници ќе им дозволи да ги користат .guru, .photography и сличните наставки кои уште подобро ја објаснуваат намената или тематиката на сајтот. Секој домен доаѓа со лесно форвардирање и брендиран имејл, како и едноставни алатки за менаџмент. Сервисот овозможува и креирање на 100 поддомени кои ќе овозможат креирање на уникатни страни во сајтот. Google Domains ги користат истите DNS сервери како останатите Google сајтови, што е гаранција дека содржините ќе се конектираат брзо и доверливо до сајтот на корисникот. Конечно не е за занемарување ниту подршката од 9 до 21 која ја нуди Google.
Доколку сервисот е успешен би можеле конечно да му бидат вистински конкурент на GoDaddy кој барем засега сосем непречено доминира во хостирањето.







