2 коментари 2 мин. читање 20 февруари, 2018

Google повторно објави безбедносен пропуст во уредите на Microsoft

Google објави нов безбедносен пропуст на Microsoft. Компанијата го открила пропустот во Edge во ноември и му остави на Microsoft 90 дена да го надмине пропустот. Сепак, дури и по две дополнителни недели компанијата нема безбедносна закрпа за Edge, па Google се одлучи да го објави пропустот, јави Neowin.

Одбраната на компанијата од Редмонтон е дека станува збор за комплициран зафат и пропуст и неговото надминување не е едноставно. Ова секако не ги интересира корисниците кои сепак бараат поголема безбедност. Безбедносниот пропуст им овозможува на напаѓачите да ја заобиколат заштитата на Edge и да вметнат малициозен код во меморијата на компјутерот.

Google остава 90 дена на сите компании за да ги затворат безбедносните пропусти. Вообичено се ригорозни, но кога последиците се поголеми, прават отстапки. Пример се Meltdown и Spectre, пропустите кои Google не ги објави по 90 дена. Поточно, компанијата не ги објави пред медиумите да дојдат до делумни податоци за пропустите.

Во меѓувреме, додека Microsoft не објави безбедносна закрпа, најдобро е да го избегнувате Edge.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Borce
3 years ago

You have now’s for WordPress development

Мени
Заедница
Изглед
To top