3 коментари 2 мин. читање 6 март, 2013

Google Play за својот прв роденден поклонува бесплатни апликации

Помина една година откако Аndroid Market се ребрендираше во Google Play. За да го одбележи овој настан Google најави низа подароци и попусти за корисниците.

Во ова славје се приклучија и голем дел од девелоперите, како Fancy кој ќе им подари 15 долари на своите корисници, Hotels.com има 10 отсто попуст во „славеничката недела“, а повеќе игри подаруваат екслузивни карактери и подароци во овој период. Google Play покрај ова ќе ви ја подари и пилот епизодата на хит серијата Breaking Bad. 

„Пред само една година ја отворивме оваа неверојатна продавница со цел да ја понудиме најдобрата дигитална содржина. Бидејќи најдобри прослави се оние од кои си одите дома со подарок, денес кога го славивме првиот роденден ве испраќаме со торби полни подароци.“, пишува Google на својата роденденска страна.

Ова е одлична пригода да прославите со Google Play и да ги искористите поволностите за време на „роденденот“ за преземање на некоја апликација.

[youtube]hqyOBz0zNT4[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Томо
Томо
13 years ago

Штета што неможе од МК девелопер акаунт да напраиш, одамна чекам да дозволат ама изглеа тешко у скоро време дека ке дозволат.

Marko Curlinoski
Marko Curlinoski
13 years ago

Абе нека да дивелопер акаунт гратис, не ми треба апликации :))

@deemeetar
13 years ago

Џабе ти е, не мојш да продаваш апликации како регистриран од Македонија, тоа е поголемата пречка.
25 долари и не се толку многу за регистрација, погоре напишаното е проблемот.

Мени
Заедница
Изглед
To top