Европската унија е во последна фаза на подготовките за тужба против монополскиот статус на Google. Формалната жалба ќе биде вложена следните неколку недели, јавува Wall Street Journal.
Во моментот претставници на Унијата остваруваат средби со дел од компаниите кои се желеа и бараа анти-монополски мерки против Google. Една од овие компании е Microsoft, но поради резултатите во пребарувањето и спонзирираните резултати кои ги прикажувa Google, дел од помалите конкуренти, пример Yelp, отидоа чекор понатаму, и наместо разговори, поднесоа формална жалби до Европската комисија. Комисијата би можела да го обвини Google и за преригорозна контрола на Google Play што овозможува тотална доминација на Google, иако ова е тешко веројатно. На крајот на минатата година Европската Унија донесе решение кое би можело да наложи необврзувачко бaрање за поделба на компаниите доколку имаат монопол во некој од секторите.
Шпекулациите дека Google се договорил со претставниците на Европската унија не се точни, тврдат извори за Wall Street Journal, иако оваа можност за вон-судско решавање на е затворена. Доколку Google не ги исполни условите би можел да биде казнет со неверојатни 6,6 милијарди долари, односно 10 отсто од заработката во 2014 година.