0 коментари 2 мин. читање 14 јануари, 2017

Google Maps ќе го олесни функционирањето на Uber и Lyft

Google Maps започна интеграција на сервисите за превоз на патници, како Uber и Lyft. Ова ќе им овозможи на патниците да видат каде е возилото, колку ќе ги чини превозот како и маршутата до посакуваната дестинација. Апликацијата досега овозможуваше единствено проценка на цената и повикување на возило преку апликациите на Uber и Lyft. Промената овозможува следење на возилата во живо, можност за преглед на сите услуги кои ги нудат компаниите. Дополнително, има можност за преглед на активните понуди и попусти.

Спојувањето на повеќе апликации во една не е изненадување и трендот е започнат од поодамна. Секако корисниците ќе мора да имаат креиран Uber профил, но наскоро можеби нема да има потреба од Uber апликации, туку вашиот Google Account може да ја заврши работата. Апликацијата ќе овозможи и интеграции на останатите сервиси на Uber како сервисите за достава храна и слично.

Надградбата е веќе започната за iOS и Android, иако ова нема да им направи никаква разлика на македонските корисници кои засега немаат пристап до Uber и Lyft, а обидите на локалните такси компании да го модернизираат пазарот со свои апликации некако помина без успех.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top