1 коментар 2 мин. читање 28 јуни, 2016

Google со „Lego коцки“ ќе ги учи децата да програмираат

Project Block е проект на Google кој на децата ќе им овозможи преку игра да научат или барем да се подготват за програмирање. Програмирањето со блокови не e новост бидејќи има куп видеоигри кои им помагаат на децата да ги научат основите на програмирањето на овој начин, но Project Block е интересен проект бидејќи се физички коцки. Коцките се дело на соработката помеѓу Google, Паоло Бликстеин и IDEO. Целта не е децата да научат да програмираат на оваа мала возраст, туку да научат да размислуваат како програмери, што значително ќе го олесни програмирањето потоа.

Project Block e составен од неколку главни делови – „главна табла“, „основни табли“ и „пакови“. Главната табла е основата која ги врши пресметките и ги напојува останатите елементи. Сите останати коцки се врзани за неа и оваа плоча главниот елемент кој потоа управува со работата на сите поврзани уреди. Паковите се елементите кои всушност се командите со дел од функционалности како: вклучи/исклучи, сврти лево, рипни. Според Google, тие се наједноставниот дел за правење и сѐ што е потребно е хартија и спроводливо мастило. Плочките се последниот основен елемент и со нивно поврзување и тие се своевидни куќишта за паковите.

„Целиот систем може да има најразлична форма и да биде изработен од различни материјали. Ова значи дека развивачите ќе имаат слобода да направат разноврсни искуства од компонирање на музика, па сѐ до користење на елементите за играње со сензори или било што друго што сакаат да измислат“, вели Google на својот блог.

/div>

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top