2 коментари 1 мин. читање

Google ќе наплаќа за користење на Google Maps?

Google најави дека од наредната година ќе започне да наплаќа за користење на својот популарен сервис Google Maps. Се разбира оваа промена ќе се однесува на оние веб сајтови кои имаат интегрирано Google Maps, и каде овој сервис е многу користен.

Според Google, од 1 јануари компанијата ќе започне да наплаќа за користење Google Maps кога границата од 25.000 прегледи дневно ќе биде надминат. Ова најмногу ќе ги опфаќа веб сајтовите на туристичките компании, како и веб сајтовите за туристички рецензии. Се претпоставува дека Google ќе наплаќа четири долари за секои 1.000 прегледи кои ќе ја надминат границата од 25.000 прегледи. Според Google, наплаќањето ќе зафати само 0,35 отсто од корисниците.

Google се свесни дека на девелоперите ќе им треба време за да ја евалуираат употребата на Google Maps, и да одредат дали оваа промена ќе влијае на нив. Google ќе им овозможи на девелоперите да ја ограничат употребата на Google Maps за да не ја надминат одредената граница.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top