0 коментари 3 мин. читање 22 мај, 2015

Google има патент за манијачки плишани мечиња

Кога ќе си помислите на плишано мече, сигурно не си помислувате дека ќе има камера што ви го снима бебето или микрофон преку кој Google ќе може да го снима секој наивен разговор на вашето дете со играчката, нели? Но, Google веќе се обложува на иднина во која „антропоморфни играчки“ ќе можат да разговараат со децата и да покажуват човечки изрази на лицето како интерес, љубопитност, досада и изненадување. Компанијата уште пред три години добила патент за плишани играчки кои ќе ја вртат главата кон детето, ќе слушаат што зборува и ќе ги испраќаат командите до далечински сервер, велат од SmartUp, правна фирма која се фокусира на технологија и која го откри патентот.

Веќе има лоши и добри обиди да се пласираат паметни кукли за деца. Најпознатиот лош пример е новата верзија на Barbie која преку Интернет ќе разговара со децата и ќе ги помти разговорите. Барбиката е нападната со критики бидејќи „децата нема да зборуваат со куклата, туку со конгломерат чии интереси се само профит“, велат oд Campaign for a Commercial-Free Childhood. Има и позитивни примери за паметни играчки, и тоа е пример кој е поблиску до Македонија. Хрватскиот Teddy the Guardian е паметно мече кое не е толку играчка, колку што е личен доктор кој мери отчукување на срце и температура на детето.

Но, Google оди еден чекор понатаму. Иако компанијата вели дека не е сигурна дали некогаш ќе ја направи играчката, туку дека само си го резервирале патентот; во документот кој датира од февруари 2012-та, се вели дека нивното плишано мече би можело да го контролира и телевизорот, компјутерот, термостатот, на кратко целиот паметен дом.

Интересно, како изумител на Google-овите плишани мечиња е потпишан Ричард Вејн ДеВаул чија титула е „директор за рапидна евалуација и луда наука“ во таинствената лабораторија на Google, Google X.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top