Креаторот на Android им нудел на производителите на паметни телефони финансиска поддршка во замена за ексклузивноста на Google Play. Финансиската поддршка која ја добивале производителите е дел од „Premier Device“-програмата со која производителите на уредите добивале поголем дел од заработката од пребарување отколку што би добивале вообичаено.
Заработката од пребарувањето на „Premier Device“-уредите е 12%, а вообичаената заработка е 8%. Дел од компаниите како Motorola и LG дополнително добиле и помеѓу 3 и 6 отсто од сумата која корисниците на нивните уреди ја трошеле на Google Play, пренесе Verge.
Најголем дел од производителите ја прифатиле понудата на Google и на поголем дел од произведените телефони Google Play е единствена продавница од која може да се инсталираат апликации. Motorola и LG сo 98% и 95% од уредите кои немаат дополнителни продавници за инсталирање на апликации се на врвот на листата на производители кои ја прифатиле оваа пракса. Производителите како Xiaomi со главен пазар Кина, не можат баш да одговорат на ова барања, па можеби затоа и бројката од 40% уреди на кои Google Play е единствен маркет не ја покажува соодветно доминацијата на Google Play. Со оглед на тоа дека кинеските корисници не можат да користат Google Play, сите производители чии главен пазар е кинескиот ќе имаат значително помал број уреди во „Premier Device“ програмата.
Секако сопствениците на Android уреди од сите производители можат самите да инсталираат APK спакуван софтвер. Сепак Google Play освен тоа што е попрактичен начин за инсталација нуди и поголема безбедност при изборот на апликации што секако е важно за поголем дел од корисниците. Дополнително, инсталацијата на апликации надвор од Google Play е вистинска реткост. Само 4,4 отсто од апликациите кои ги инсталирале корисниците од САД биле надвор од Google Play.
Информацијата за оваа пракса на Google е уште еден податок кој се појави благодарение на Epic, овој пат во спорот со Google.