0 коментари 2 мин. читање

Google го претстави Google TV

„Нема подобар медиум да се допре до поширока публика од телевизија.“ рече Риши Чандра, шеф на проектот, додавајќи дека ширум светот има 4 милијарди телевизиски гледачи, а годишно се трошат по 70 милијарди долари на реклами само со САД.

Google TV ќе се појави следнава есен со телевизорите и уредите на Sony и Logitech и ќе биде спакуван во телевизика кутија која ќе се користи со тастатура и глувче, но ќе може да се користат и Android уредите како далински управувач со можност на гласовно пребарување.

При пребарувањето на телевизиската програма, гледачот ќе може да пребарува цели емисии не само кои се на телевизиските канали, туку и на веб сајтови како Hulu, Amazon, YouTube. Пребарувањето покрај што прикажува идни резултати, нуди и резултати каде можат да се најдат емисиите и настаните кои се испуштини.

Интересна можност е кога ќе гледате нешто, да можете да отворите нов прозор, како слика во слика, при тоа гледајќи телевизија и сурфајќи на веб во исто време само со еден клик. Секако корисниците ќе имаат пристап и до друштвените мрежи.

„Така додека гледам American Idol, ќе можам да читам и што пишуваат луѓето за емисијата на Twitter.“ вели г-дин. Чандра.

Google ТV е изграден врз Android платформата, значи ќе може да се користат и апликации, а исто така Google ги повика програмерите да најдат нови интересни опции кои ќе го збогата телевизиското искуство.

Подолу е презентацијата за Google TV од I/O. Останатите делови ќе ги најдете на YouTube.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top