По купувањето на Meebo, Google објавија дека ја купиле и компанијата Quickoffice. Се очекува аквизицијата на компанијата да ја подобри интероперабилноста на Gооgle Docs со останатите текст едитори.
Апликациите на Quickoffice го олеснуваат креирањето, уредувањето и промена на Microsoft Office документите на Android, iOS и Symbian. Се разбира интересно ќе биде да видиме и како ова ќе се одрази на Gdocs кои се интегрирани во Google Drive. Покрај ова Quickoffice има релативно голем број на корисници кои ќе бидат привлечени на Google Play.
Се очекува дел од апликациите на Quickoffice наскоро да станат бесплатни, иако сега за сега нема вакви најави, а QuickOffice Pro е веќе достапна на Gplay по цена од 15 долари.
Ќе мора да почекаме за да видиме дали овој потег на Google ќе биде доволен во борбата со Windows 8 телефоните кои најверојатно ќе имаат интегриран Office пакет. Уште побитно најверојатно наскоро ќе дознаеме дали Google има намера да им конкурира на Microsoft и нивниот Office пакет.
Цената која Google ја платиле за Quickoffice остана тајна.