Google, Ford, Volvo и Uber креираа лоби група за автономни возила

во Свет

Можеби Google, Ford, Lyft, Volvo и Uber се конкуренти кои работат на различни модели на автономни автомобили, но за да креираат пазар на кој ќе се натпреваруваат, компаниите сепак треба да работат заедно. За таа цел компаниите креираа лоби група која треба да изврши пристисок врз властите на државите за побрзо носење на закони за автономни возила.

Неформалната лоби група доаѓа под името Self-Driving Coalition for Safer Streets, и целта им е да постават основни закони за користење на автономни возила на јавни патиша, јави Verge. Директор на лоби групата ќе биде поранешниот директор на американската Национална агенција за безбеден сообраќај на авто-патиштата, Дејвид Стрикленд. Тој на своите поранешни колеги ќе треба да им ги презентира предностите на автономните возила, и да го забрза носењето на закони кои се однесуваат на роботите-возачи.

Најдалеку во креирањето на автономни автомобили засега се Google кои своите возила веќе ги тестираат на улиците во неколку градови во САД. Компанијата секој месец излегува со извештај за случувањата и незгодите во кои учествуваат автономните автомобили. Извештајот открива дека роботите често влегуваат во сообраќајки, но во скоро сите случаи вината за тоа е човекот, односно другите возачи кои не користат сензори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk