Google е „пиратскиот лидер“, a Oбама го поддржува, обвини Руперт Мурдок

0 коментари 1 мин. читање

Медиумскиот могул Руперт Мурдок преку својот нов Twitter профил го обвини интернет гигантот Google дека ја предводи пиратеријата. Според него, Google стрима видеа без да плати и профитира од рекламите околу нив.

„Не за џабe тие инвестираат милиони во лобирање.“, вели директорот на News Corp.

Google одговори на коментарот на г. Мурдок дека е глупост бидејќи инвестираат во битката против лошите реклами, а само лани тргнале 5 милиони линкови до пиратски веб страни.

Критиките на Г. Мурдок се однесува на незадоволството на Google (и на други интернет гиганти) одновиот предлог-закон SOPA кој се наоѓа пред американскиот Конгрес. Законот Stop Online Piracy Act им дава моќ на компаниите и властите да извршат притисок врз интернет провајдерите за да блокираат сајтови кои споделуваат пиратска содржина. Google и други интернет гиганти се против овој закон бидејќи велат дека ќе ја стопира иновативноста.

Руперт Мурдок, пак, го поддржува овој закон. Тој со уште еден твит го искритикува и претседателот на САД, Барак Обама, бидејќи се здружил со силиконската долина за да шират пиратерија.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед