Најверојанто најпопуларниот прелистувач, Google Chrome, со новата верзија 63 овозможува дополнителна изолација. Google оваа надграба ја потенцираше и на својот блог, објаснувајќи ги предностите за компаниите кои ќе го користат корпоративниот пакет на Google Chrome.
Дел од надградбите кои доаѓаат со нова надградба се:
- Изолација на сајт – овозможува рендерирање на содржина како посебен процес, изолиран од останатите сајтови
- Поедноставна рестрикција за различни екстензии за Google Chrome – Овозможува ограничување на проистап до екстензии за прелистувачот во зависност од пермисиите кои се потребни
- Верзија 1.3 за TLS – надградба на постоечката верзија на TSL протоколот, сега е побрза и побезбедна
- Поширока платформа за поддршка на NTLMv2
- Намалување на бројот на крешови на Chrome предизвикани од софтвер од трети производители
Chrome и досега важеше за еден од најбезбедните прелистувачи за работа во компании, а со новите надградби администраторите имаат уште понекоја алатка на располагање.
Chrome for Business е достапен на следниов линк.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари