Hotword е нов модул за Chrome и Chromium кој го претвара прелистувачот во алатка со која Google може да ги прислушува нивните корисници, тврди Boingboing.
Модулот може да го вклучи микрофонот и да ги испраќа податоците до Google. Според компанијата ова не треба да се случува доколку корисникот самиот не ја вклучи функцијата, но развивачи велат дека се сведоци кога модулот самостојно го вклучувал микрофонот без интеракција со корисникот.
„Ова значи дека компјутерот може тајно да прислушува што му зборувате во собата на некој друг, во приватна компанија во друга земја, или без ваше знаење и дозвола, да пренесува аудио активирано од непознати и небезбедни услови“, вели Рик Фалквинг од шведската Пиратска партија во блог пост.
За жал не сите се задоволни од одговорот на Google. Критичарите тврдат дека функцијата е вклучена во почетното нагодување, а корисниците треба да ја исклучат. Гласовното вклучување е актуелен проблем кој, иако е најизразен кај паметните телефони и во поново време паметните часовници, сепак како што се зголемува бројот на паметни уреди се зголемува и бројот на точки од кои корисниците можат да бидат прислушувани. Од паметни телевизори, па до најмалите уреди, всушност сите кои користат облак сервис за гласовни команди претставуваат потенцијална опасност за корисниците.