Со Chrome екстензијата,со едноставното кликнување на копчето, URL-то веднаш ќе ви биде смалено, а со кликање и на QR код копчето веднаш ќе го добиете и QR кодот како на сликата. Ако го кликнете копчето „детали„ ќе ве однесе на страницата на goo.gl каде ќе ви даде статистика за тоа како колку пати е кликнато на вашиот линк во одреден временски период.
Генерираниот URL во истиот момент автоматски ќе се ископира и веднаш ќе можете да го искористите. Исто така, ја имате можноста и наместо да кликате на копчето да си креирате своја кратенка од тастатурата за истата намена.
Ако се логирате со Google сметка, можете и да си ја зачувувате историјата на скратени линкови кои можете да ги употребите повторно.