Гејминг: E-спортот и Saksa ја одбележаа 2016-та, а во 2017-та очекуваме добри игри

[sharify]

Ако ретроспективно погледнеме на 2016-та во сегментот на гејминг, заклучокот ќе биде дека за време на изминатата година, е-спортот се актуелизираше во Македонија. Како најклучен момент во таа промоција ќе биде пласманот на Digital Chaos и Saksa и нивното освојување на 3.4 милиони US долари на The International 2016 во август. Тогаш, Дејан напиша статија во која појасни зошто е време конечно во Македонија да се актуелизира е-спортот. Но, темата за е-спорт во Македонија започна уште на почетокот на годината, кога во Собранието на Република Македонија се дискутираше за гејминг.

Но, да ја погледнеме 2016-та низ очите на најпознатите гејмери во Македонија – дечките од GG.mk и MKD20…исто така ги прашавме и кои се нивните очекувања за во 2017-та.

Која игра која што излезе во 2016-та ти остави најголем впечаток и зошто?


GG.mk

Гораст: Doom – јас сум хард кор фан на FPS игри, поготово добри шутери што у превод оди накај Doom. Како една од првите игри кои ги изиграв на PC ме удира и носталгични. Без разлика на се, DOOM е одлична акциона игра која ја обележа 2016 година. Штета што мултиплеерот не го погодија…

Бобо: Overwatch. Затоа што од корен го смени жанрот на арена шутери. Херои наместо класи. Највисоко ниво на изработка до најситен детал. Одличен баланс за старт и секојдневно подобрување на истиот. Огромен потенцијал за е-спорт.

Данко: Најјака игра за 2016-та година ми е Furi. На страна од ретро естетиката, најголем впечаток ми остави играта во однос на тоа како е структуирана механички. Од почетокот до крајнот на играта ги имаш истите алатки ама секој следен главен на одреден начин те учи на нов начин на користење на истите. Што кулминира во неверојатна последна тепачка која може слободно да се натпреварува за најдобар главен засекогаш!

MKD20

Благој: Иако има повеќе игри кои би сакал да ги издвојам после оваа успешна и година преполна со игри, сепак останува мојот глас за Black Desert Online. Првата работа заради која оваа игра е број еден за мене е тоа што обожавам Sandbox MMO игри кои во последно време ги нема или ако ги има не се квалитетни. Огромниот свет, и свет без телепорти, летачки превозни средства ја прават оваа игра енормно голема и забавна за експлоатација и истражување. Светот е преполн со најразлични суштества, полн со задачи/мисии и босови. Својот левел го дигате исклучиво со гриндање така да голем дел од играта ќе поминете тепајки се што се движи дали сами дали со група, со што според ова играта според мене е Hack & Slash. Black Desert e повеќе PvP ориентирана и тука станува најинтересна.

Гилдовите и клановите меѓусебно се борат за нодовите на папата па и за целосни тврдини. Да не зборуваме во детали, играта ви нуди многу професии за изработување и за собирање на материјали, мини игри, housing ситеми, системи за патување и пренесување материјали од град во град, менаџирање на свое земјиште, менаџирање на своите превозни средства и.т.н. Некои ќе го сватат како збунувачко но играта и вашата класа драстично се менуваат после 56-тиот левел кога зимате Колку да се знае играта нема левел кап. Да не заборавиме на графичкиот приказ кој е феноменален, исполнет со секакви детали и прекрасно дизајнирани градови, локации и фантастичен временски систем кој ретко која игра го нуди. Интересно е што временските фактори влијаат врз карактерот, така да ако има снег вие имате намалени шанси за удар и намалена брзина на движење, наспроти убав сончев ден. Доколку системот на „EVE“ му се допаѓа некому, верувам дека и оваа игра ќе му се допадне затоа што користот идентични системи.

Илија: Overwatch – Game of the Year за мене. Прекрасен gameplay, art design, soundtrack, едноставно играта е чисто уживање и задоволство. Целиот свет во играта е така добро направен што има стотина мали ситници внатре што ги поврзува разните карактери и мапи во една голема имерзија. Ростерот на карактери е навистина разновиден и секој карактер има сопствен начин и стил на игра. Art design-от на играта е навистина специјален. Самиот стил на разните карактери е според мене е најзаслужен за успехот на играта, но за мене лично, најдобриот дел од играта е позадинскиот “lore”. Приказната во светот на Overwatch и карактерите во неа е тоа што најмногу ме привлече во играта. Бонус на тоа, сите кратки анимирани филмови што Blizzard ги објави пред лансирањето и што продолжува да ги вади помагаат во внесувањето во играта. Чиста препорака од мене, доколку има некој што уште ги нема гледано: Dragons и The Last Bastion.

Овие кратки анимации се одличен избор за нови фанови да влезат во светот на Overwatch. За 2017 играта што најмногу ја чекам е Star Citizen, поточно модулот Squadron 42. За тие што не се запознаени, Squadron 42 е singleplayer кампања во Star Citizen во чија приказна улоги имаат фаци како Марк Хамил, Гери Олдман и многу други познати актери. Развојот на Star Citizen го следам уште од почеток, знам дека има мали шанси играта да излезе во целина во 2017, па дури и 2018 година, но ова е игра што ја чекам веке 20 години, воопшто не ми е проблем да бидам стрплив уште малку. На прашањето зошто токму оваа игра, одговорот е : Space combat and trading sim, exploration, minning, trading, FPS shooter, massive multiplayer persistent universe, се во едно. За Sci-Fi фан како мене, играта е dream come true. А за долгиот development, јас сум приврзаник на мантрата на Blizzard:”It’s done when it’s done”. Во меѓувреме, тука се For Honor, Mass Effect Andromeda и Ghost Recon Wildlands.

Иван: За да ја намалиме „конкуренцијата“, ќе ги тргнам настрана експанзиите и DLC-aта (нема да ги земам во предвид одличните изданија како Тhe Witcher 3: Blood and Wine или Pillars of Eternity: White March Pt. 2). 2016 и тоа како беше добра за RPG жанрот, добро продолжение на преседанот кој го постави 2015 со својата низа добри RPG наслови. Сепак, ако треба да одберам еден наслов од 2016 – Dark Souls 3. Mного прагматичен избор, но очекуван (барем за мене).

Souls серијалот изминативе 5-6 години покажа дека и во денешнава mainstream и искомерцијализирана гејминг индустрија сеуште има луѓе кои сакаат предизвик, сакаат игри кои ќе ја почитуваат нивната интелигенција и кои ќе креираат свет кој нема на тацна да им ги сервира сите одговори, туку ќе ги остави самите да истражуваат. Од аспек на gameplay и combat mechanics, Dark Souls 3 е нај испегланиот наслов во серијалот, иако се дистанцира од мантрата поставена од DaSи DaS2 – наслови кои имаа бавен и методичен gameplay – и е поблизу до Bloodbornе, наслов кој го стави акцентот врз мобилноста и spacing-от. Не би рекол дека Dark Souls 3 е најдобрата игра, главно поради тоа што секој од насловите си има свои маани и свои предности – DaSго имаше најдобриот level design (барем до Аnor Londo), DaS2 најдоброто PvPи варијација на оружја, a DaS 3 e некаде на средината помеѓу тие две сфери.Dark Souls 3 дефинитивно не е совршен наслов и пати од низа проблеми – премногу fan service и референци кон DaS, дизајн одлуки кои ве тераат да се почешате по глава, босови со чуден дизајн (и механики) итн, но и покрај тоа предизвикот, core гејмплејот и самата филозофија позади нејзиниот дизајн ја поставува на овој мој субјективен педиестал во 2016 година. Ако ништо друго, Dark Souls 3 е едно добро farewell за серијалов, барем во блиска иднина, и се надевам дека на што и да работат следно, From Software ќе имаат креативни идеа кои ќе бидат надвор од широкоприфатените норми во оваа индустрија (нова Armored Core или King’s Field, конечно со PC изданија за истите?)

Која игра нестрпливо очекуваш да излезе во 2017-та и зошто?


GG.mk

Гораст: Pray 2 ја чекам од истата причина погоре. :) Претходната игра феноменална, а никогаш доволно од 3Д пуцачини.

Бобо: Mass Effect Andromeda. Затоа што е Mass Effect, а таа франшиза никогаш не потфрлила.

Данко: Најочекуваната игра пак за следната година ми е Death’s Gambit. Метроидваниа со неверојатно добра естетика, и од тоа малку што го имаме видено механички многу солидна игра.

MKD20

Благој: Одговорот на ова прашање е релативно променлив и лабав, но ако морам да издвојам една игра тоа би била Chronicles of Elyria. Зошто? Стареење, умирање, семејства, купување сопствено земјиште, уредување домови, целосен девелопмент на карактерите и договори со други играчи кои би можеле да работат за тебе и обратно. Целосно реален свет, годишни времиња и реални временски услови. Морална комуникација со останатите за опстанок, секаков вид на професии, солиден комбат и прекраснаприказна.

На листата можат да се врзат уште многу работи но ете, доволно до тука.Иако ова MMORPG носи куп иновативности и системи кои досега не се видени, не барем во MMO сферата, сепак порадиголемината на проектот и финансиската нестабилност на ова инди студио останувам скептичен за успехот па макар и заофицијално лансирање на играта. Ова е играта која реално ја очекувам и реално посакувам да се најде на пазарот.Но да претпоставиме дека ова нема да биде дел од реалноста, играта која со нетрпение ја чекам е For Honor.

Илија: За 2017 играта што најмногу ја чекам е Star Citizen, поточно модулот Squadron 42. За тие што не се запознаени, Squadron 42 е singleplayer кампања во Star Citizen во чија приказна улоги имаат фаци како Марк Хамил, Гери Олдман и многу други познати актери. Развојот на Star Citizen го следам уште од почеток, знам дека има мали шанси играта да излезе во целина во 2017, па дури и 2018 година, но ова е игра што ја чекам веке 20 години, воопшто не ми е проблем да бидам стрплив уште малку.

На прашањето зошто токму оваа игра, одговорот е : Space combat and trading sim, exploration, minning, trading, FPS shooter, massive multiplayer persistent universe, се во едно. За Sci-Fi фан како мене, играта е dream come true. А за долгиот development, јас сум приврзаник на мантрата на Blizzard:”It’s done when it’s done”. Во меѓувреме, тука се For Honor, Mass Effect Andromeda и Ghost Recon Wildlands.

Иван: Уф, тешко прашање. Многу се, и тоа само во првата половина – Torment: Tides of Numenera, Divinity: Original Sin 2, South Park: Fractured But Whole, For Honor… Torment e мојот избор, бескомпромисно, наслов кој следи во стопките (или барем прави обид) на најдобриот RPG наслов на сите времиња, Planescape: Torment. Ако Torment поседува барем половина од квалитетие на PS:T, ќе биде доволно.

Setting, roleplaying, C&C – Torment ветува многу и ако се точни муабетитe на луѓето кои ја испобаа во Early Access, насловот е на добар пат (немам искуство од прва рака, не играм RPG-a во некомплетен стадиум). Во најмала рака, Torment ќе биде проверка дали ваквиот тип на story-heavy и text-heavy RPG наслови има шанси да биде успешен во денешно време или Planescape: Torment беше сингуларен offshoot (PS:T не беше комерцијално успешен наслов кога излезе во 1999та година, но стана култен наслов со тек на годините и од многу луѓе се смета за надобро напишаното RPG во оваа индустрија)

Најчитани текстови на IT.mk во овој сегмент за 2016 година: