Гејминг новости од минатата недела #76

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, седумдесет и шесто издание.

Red Dead Redemption 2 се поднови со нов трејлер кој кажува многу работи, само не дека играта ќе излезе за PC.

Call of Juarez: Gunslinger одново се врати на Steam, но под друг издавач. Techland Publishing ги доби правата не само за оваа игра туку и за целиот серијал од Ubisoft и вети дека ќе продолжат со иста пареа да ги поддржат фановите на овој универзум и во иднина. Bound in Blood, меѓутоа, и понатаму се води под Ubisoft, а Techland Publishing не се изјасни за тоа какви планови имаат со серијалот во иднина.

The Binding of Isaac: Afterbirth+ доби надополнување кое им овозможува на играчите нов лик, но и над 800 соби за морбидно истражување и уште поморбидни пресметки. Таканареченото The Forgotten Update донесува и нови предмети, опрема и непријатели, а и доаѓа со нов бос. Надградбата е бесплатна за сите сопственици на Afterbirth+.

The Forest конечно излезе од раниот пристап, по четири години макотрпно развивање. Авторите ќе продолжуваат да ја поддржуваат играта со надополнувања, а во меѓувреме се очекува и VR верзија за играта, која би требало да се појави на 22.мај. Новиот трејлер ги прикажува најновите промени и покачувањето на цената.

They Shall Not Pass, експанзијата за Battlefield 1 е бесплатна за сите заинтересирани, дури и за тие кои ја немаат купено основната игра. Експанзијата ја прикачувате на вашиот акаунт од Origin клиентот на ЕА, но за да можете да ја играте потребно е да ја имате основната игра. Наредната голема надградба за играта се очекува во јуни.

Elder Scrolls Online: Summerset проба да не заинтригира со новиот трејлер кој целосно се фокусира на новиод ред и способностите кои произлегуваат од него. Psijic спекатарот од способности би требало да вдахне свежа перспектива за престојот на новата територија, заедно со можноста да создавате накит. Експанзијата излегува на 5.јуни.

Paladins, бесплатната за играње пукачка игра со херои ќе замине од бетата и ќе се претопи во чисто-крвен наслов на 8.мај. Сите оние кои до сега ја играле Paladins ќе добијат 200 кристали, премиум валутата за купување од продавницата. Известувањето се поклопи со исфрлање на Paladins Strikе – игра за Android и iOS направите.

Total War Saga: Thrones of Britannia објави трејлер во чест на нејзиното излегување. За оваа и многу други игри кои ќе излезат во месец мај, прочитајте го нашиот извештај.

Dead in Vinland, turn-based survival игра за викиншко семејство на магичен остров, доби демо. Во случај да сувопарниот опис делува на нешто што би можело да ви се допадне, дефинитивно упатете се на Steam и проверете го демото. Играта ужива 80% позитивни рецензии.

Midair излезе од раниот пристап на Steam и ја одбележа транзицијата со нов трејлер. Се работи за пукачка игра во прво лице каде 16 лица се натпреваруваат преку други 16. Секој во играта има џетпак, а може да се возат возила или да се градат бази.

Quake Champions покажа што можете да очекувате од нивниот нов екстремно насилен систем. Не знаете на што се се подложни хероите во Quake Champions
се додека не го одгледате следниов трејлер. Новиот систем ќе биде имплементиран наскоро.

Battlerite, еден од попознатите MOBA клонови, ќе добие Battle Royale мод. Нивниот режим ќе се содржи од десет-минутни натпревари каде 20 играчи ќе се борат на мапа која е триесет пати поголема од стандардната арена мапа. Можете да играте и сами, а бирате некого од 27 херои. Режимот ќе се појави летово.

Rust доби ново надополнување со кое играчите можат да навлезат во безбедна зона, без страв дека ќе бидат предадени и нападнати од некого. Во безбедната зона имате на располагање бројни алатки и способности за социјализација и тргување. Таканареченото Compound надополнување доаѓа и со опрема за гнурење и подводно истражување.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Full Stack Java Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk