Гејминг предлози: RV There Yet?, Hoomanz!, Mystic

RV There Yet?: Kооперативната авантура на тркала

RV There Yet? е онлајн кооперативна игра која става група до четири играчи пред предизвикот да го вратат своето RV возило дома по мирниот одмор. Работите се комплицираат кога тимот е принуден да користи алтернативна, значително поопасна рута низ долината Мабутс. Она што започнува како релаксирачко патување, набргу прераснува во хаотична борба за опстанок која бара интензивна тимска работа, креативна снаодливост и вешто управување со возилото во непредвидливи услови. Оваа поставеност, пред сè, создава безброј можности за урнебесни и неочекувани ситуации кои гарантирано ќе го тестираат и зацврстат пријателството.

Tимска работа

RV There Yet? се одликува со забавни гејмплеј механики кои се дизајнирани да принудат заедничка соработката. Управувањето со едно RV возило со повеќе играчи бара координација бидејќи возачот не може да ја заврши мисијата сам. Поради тоа, чедото на талентираните Nuggets Entertainment воведува физички-базиран систем на сајли, со по една на предниот и задниот дел на возилото. Овој систем се истакнува како клучна алатка за надминување на комплексните пречки на мапата. Совладувањето на физиката на сајлата е од суштинско значење за извлекување на возилото од кал, искачување стрмни падини или преминување преку препреки.

Покрај навигацијата, присутен е и силен елемент на преживување и менаџирање со ресурси. Играчите мора да ја одржуваат состојбата на своето возило користејќи различни пронајдени материјали. Истовремено, тие мора да се грижат и за сопствените потреби, собирајќи предмети како храна, противотрови и медицински помагала. Поради ова, станувате сотребни до две страни, со двојна потреба ем за одржување на возилото ем на тимот.

Аудиовизуелна презентација

RV There Yet? не се обидува да се натпреварува со фотореалистични ААА наслови, туку се одликува со привлечен, стилизиран визуелниот стил кој е дизајниран да ги поддржи комплексните физички интеракции на возилото и околината. Во доменот на аудиото, најзначајната карактеристика е имплементацијата на proximity chat каде можете да комуницирате со играчите кои се во вашата непосредна близина. Комуникацијата станува потешка кога играчите се оддалечуваат еден од друг, додавајќи уште еден слој на предизвик и реализам во кооперативното искуство.

RV There Yet? се препорачува доколку барате искуство кое вистински ја тестира тимската работа и комуникацијата. Иако може, ова не е игра за соло играчи, туку социјална авантура фокусирана на решавање проблеми. Нејзиниот шарм лежи баш во непредвидливите и често комични ситуации што произлегуваат од сложениот физички модел и потребата за постојана соработка.

Hoomanz!: Иновативен пристап кон stealth авантурите

Hoomanz! е шармантна авантура со прикрадување која нуди уникатен, ненасилен пристап во својот жанр. Овде, вие ја преземате улогата на Шу, митски чувар на планетата Ерф, чија задача е да ја одбрани од инвазијата на „смотаните“ Hoomanz. Наместо конфликт, меѓутоа, играта се фокусира на хумор и пријателска, релаксирачка содржина која е соодветна за целото семејство.

Страв од гушкање

Двојната природа на Шу е директно поврзана со светлината и темнината. Темнината е вашиот сојузник затоа што кога Шу е во сенка, тој е во својата темна форма и ги плаши натрапниците со брзи, жестоки потези. Спротивно на тоа, светлината е непријател и ако Шу е изложен на светло, тој се трансформира во светлата, бавна, ранлива, но крајно симпатична светла форма.

Целта не е да се борите туку да плашите. За да се избрка еден Hooman од планетата, прво мора да биде изложен на стрес. Ова се постигнува преку инвентивна употреба на околината. Шу може да ги мами со звуци, да фрла предмети, да крши гранки, да саботира светла или да користи разни замки и елементи за изненадување.

Движењето низ светот е олеснето со способноста за брзо пролетување, механика која служи и за бегство од незгодни ситуации. како и за побрзо истражување на околината. Како што приказната напредува, предизвиците и загатките стануваат покомплексни, барајќи подобро да ги имате совладано основните механиките.

Акцент ставен на шарм и креативност

Hoomanz! е топла препорака за играчи кои бараат нешто поразлично од стандардните игри. Со фокус на хумор и решавање проблеми без насилство играта се наметнува и како добар избор за помладата публика и за casual гејмерите.

Mystic: Спој на духовност и преживување?

Mystic ве носи во уникатен ретро-футуристички свет, длабоко инспириран од блискоисточниот фолклор и приказните од Илјада и една ноќ. Во оваа реалност, по мистериозна апокалипса, човештвото е сведено на борба за опстанок, додека моќни духовни суштества, како духови, доминираат со разрушените градови и пространите пустини.

Во Mystic мораат да ги задоволувате основните потреби како жед, глад и замор, како и да одржувате силно духовното присуство. Собирањето ресурси од древните урнатини и пештерите се користат за изработка на алатки и, уште поважно, за изградба на засолништа. Градењето камп ви скѕжи ем да се заштите од динамичните временски услови, како песочните бури, како и од непријателските суштества што демнат во мракот.

Во поглед на споменатата духовна прогресија, ќе биде задолжително изведување ритуали, принесување жртви и дешифрирање на древни симболи, како би можеле да се отклучат претходно недостапни места. Бокрај директна борба, можете и да се прикрадувате, но целата изведба се чини недоволно исполирана, оставајќи впечаток дека на играта уште треба да се работи.

На крајот на денот, Mystic претставува редок спој на механики за управување со ресурси и длабок, митолошки свет. Фокусот на духовната прогресија и ритуалите, наместо чистата борба, нуди интригантно и атмосферско искуство за сите оние кои бараат нешто поразлично, но играта сеуште го нема достигнато целиот потенцијал. Се надевам дека авторите ќе продолжат да работат на неа во иднина и да и го посветат вниманието кое дефинитивно го заслужува.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk