Кога го најавуваше Galaxy S10, Samsung ветуваше дека читачот на отпечатоци е револуционерен. Минатата недела компанијата призна дека има софтверски пропуст со сензорот кој овозможува отклучување со секој отпечаток. Проблемот се јавува кога екранот на телефонот е заштитен со евтино заштитно стакло, вели BBC.
Сензорот на новиот Galaxy S10 е „скриен“ зад екранот и со помош на ултразвук ги отчепува испакнатините на отпечатоците. Ако читачот на отпечатоци се покрие со стакло за заштита пред корисникот да ги внесе тогаш целиот систем не функционира.
Ова го дозна Британката Лиза Нилсон која купи евтина силиконска заштита за екран на eBay. Потоа го внесе десниот палец, но откри дека телефонот се отклучува и со нерегистрираниот лев палец. Истото се повтори и со палците на нејзиниот сопруг кој успеа да го отклучи телефонот без да регистрира отпечаток. Истиот „експеримент“ со заштитата на екранот го повторија со уште еден телефон, а резултатот и со овој телефон беше ист.
Одговорот на Samsung е дека корисниците треба да користат заштита исклучиво од овластени производители. Проблемот во случајот се јавува поради воздушен зјај помеѓу екранот и заштитата што ја нарушува работата на сензорот.