Flying Robot International Film Festival е првиот филмски фестивал во целост посветен на филмови креирани со беспилотни летала. Своето деби фестивалот ќе го има на 19 ноември.
Филмовите ќе бидат пократки, но и покрај тоа ќе има категории. Drones for Good е една таква категорија во која ќе бидат презентирани филмови во кои дроновите ќе ги презентираат своите можности како помагачи на луѓето, но и за решавање на глобални проблеми.
Сепак иако FRIFF е прв интернационален фестивал, всушност New York City Drone Film Festival е првиот фестивал за филмови креирани со помош на беспилотни летала. Со над 400 филмови кои учествуваа, фестивалот во Њујорк без сомневање го оправда своето постоење како поради бројот на филмови така и поради интересот на публиката.
Влезниците за Flying Robot International Film Festival се со симболични цени, а за пријавување на гилм на фестивалот се плаќаат само 5 долари. За фестивалот веќе има интерес од спонзорите 3DR е еден од главните спонзори, а ко-креаторот на MakerBot Бри Перис и Вероница Блемот од Engadget се дел од жирито кое ќе ги оценува филмовите, јави Wired.







