Ако внимавате и ако сте ажурни најчесто не е проблем, но автоматската претплата по истекување на пробниот период може да биде проблем за некој корисник. Ова често се случува со претплати со кои автоматски се обновува членството по истекување на бесплатниот пробниот период. Во Македонија засега ова е проблем за корисниците и корисниците на онлајн сервиси, иако во некои држави автоматско продолжување на претплатата е случај и за различни физички локации, базени, читални, сали за вежбање и слично. Free Trial Surfing e сервис кој треба да стави крај на оваа пракса и неговите корисници ќе можат да го користат за автоматски да прекине претплатата по истекувањето на бесплатниот период. Засега сервисот е достапен на iOS и за корисници во САД и Велика Британија.
Сервисот е дело на Џошуа Бродер, а за неговите апликации и сервиси веќе пишувавме. На пример DoNotPay е чет-бот кој на бездомниците им помага со бесплатна правна помош за да пронајдат сместување. Г. Бордер креираше и чет-бот со кој жртвите на хакерскиот напад врз Equifax можеа бесплатно да подготват тужба против компанијата која ја злоупотреби нивната доверба.
Free Trial Surfing не користи ја картичка на претплатникот, туку виртуелна картичка регистрирана на компанијата на г. Бродер, Do Not Pay. Засега само во САД и Велика Британија сервисот има над 10 000 корисници. Овие корисници најчесто го користеле Free Trial Surfing за порнографија и Netflix.
Засега постои единствено iOS верзија на апликацијата, но веќе се работи и на веб-апликација. Секој корисник на Free Trial Surfing добива виртуелна картичка со измислено име. Овие профили користат привремена е-пошта за форвардирање на електронската пошта до адресата на корисникот. Се разбира овие „картички“ не може да се користат за плаќање туку единствено како замена за платформи кои бараат внесување на кредитна картичка. Иронично сервисот за одржување можеби ќе мора и самиот да користи претплата.
„Беа потребни 6 месеци за креирање на решението. Во моментов го тестираме – можеби во иднина ќе има евтина претплата, можеби 2 долари месечно“, вели г. Бордер.
Доколку концептот се популаризира, веројатно наскоро и компаниите ќе бараат како да го заобиколат ова решение.