Франција изгласа контрoверзен закон за шпионирање

И покрај тоа што беа разгневени што САД ги прислушувала нивните претседатели, сепак Французите изгласаа подеднакво контрoверзен закон за шпионирање. Законот доаѓа по терористичките напади во јануари врз магазинот Charlie Hebdo, што е исто сценарио како и во САД, каде „Патриотскот акт“ кој им ги одврза рацете на NSA да прислушува беше донесен по терористичкиот напад на 11 септември. Иронично веста за законот доаѓа речиси иствремено со осудата на Франција до САД, поради прислушувањето на француските претседатели која ја објави Wikileaks.

Францускиот закон предвидува инсталирање на „black box“ во секој провајдер или хостинг сервис. Технологијата ќе овозможи следење на разговорите и објавите и во случај на сомневање ќе започнат да снимаат се за корисникот, пишува Intercept. Станува збор за алгоритам, па доколку корисникот поради било која причина се најде на црната листа, постои голема веројатноста дека ќе остане на неа засекогаш.

Иако во објаснувањето стои дека корисниците ќе бидат следени единствено доколку се појави сомневање, останува нејасно како алгоритмот би појавил сомневање доколку не го следи корисникот постојано. Дополнително нема никакво објаснување за обемот на следењето пред и по појавата на сомнежите. Можеби следењето ќе изгледа поприфатливи бидејќи корисниците ќе бидат следени од алгоритам, а ќе бидат собирани мета податоци, но на крајот ќе нема разлика. „Законот е закана за интернет инфрастуктурата, приватноста на корисниците и безбедноста на податоците“, велат од Mozilla.

Иако министерот за внaтрешни работи Бернард Казнев се обидува да објасни дека законот нема да овозможува собирање на податоци на куп, туку напротив го забранува ова, се чини дека ретко кој му верува. Amnesty International го опишува законот како: „чекор поблиску до шпионирање, каде ништо повеќе не е тајна освен шпионирањето“. Законот ќе биде донесен по брза постапка, а со оглед на тоа дека речиси и нема спортивставени изгледа неверојатно дека ќе има измени на законот. Дел од претставниците се жалат дека секоја забелешка на законот веднаш се осудува како заштита на терористи, па секакви промени се осудени на неуспех од самиот почеток.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments