Филмските работници го спасуваат FilmStruck, сервисот за стрим на филмски класици

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

WarnerMedia неодамна откри дека планира да го затвори FilmStruck. Затворањето на платформата е дел од издавањето на стрим сервис на AT&T кој сега е сопственик на WarnerMedia. Платформата за стрим на уметнички филмови и класици има љубители кај публиката која сега полесно може да пронајде филмови кои претходно тешко се наоѓаа. FilmStruck доаѓаше со претплата, но едноставноста за пронаоѓање на тешко достапна содржина имаше значителна улога во популарноста.

Спасот на платформата доаѓа преку оскаровецот и еден од најпопуларни режисери Стивен Спилберг, но и куп други режисери и актери и филмски работници. Criterion Collection кој ги има правата за најголем дел од филмовите достапни сега, најави дека ќе лансираат нов бесплатен сервис за стрим на класици. Еден од најгласните во поддршката и во организирањето на петицијата е режисерот на Antman, Едгар Рајт. Toj организираше дел од своите колеги и помогна со подигање на видливоста на кампањата.

Слушнав дека Стивен (Спилберг) и Мартин Скорсезе зборуваат со Warner за ова, и ги прашав што можам да направам јас. Стивен ми одговори „Собери ги пријателите!“ – вели режисерот Едгар Рајт.

Набрзо по повикот на г. Рајт се приклучија Гилермо дел Торо и Риан Џонсон, но и Леонардо Ди Каприо, Барбра Стрејсенд, Кристофер Нолан и Алфонсо Куарон. Тие испратија писмо со барања до Тоби Емерих од Warner Bros. Г. Емрих го препрати ова писмо до одговорните за платформата…

Но, „филмаџиите“ не застанаа на ова, наскоро стигна и поддршка од нови филмски работници, па Warner немаше избор и го најави новиот Classic канал.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments