Фарма е едукативна апликација за деца од CodeWell

во Совети

Фарма е нов aпликација на македонското студио CodeWell. Станува збор за iOS едукативна
видеоигра на македонски, наменета за најмладите која покрај забавата ќе овозможи и тренирање на меморијата.

„Фарма е многу забавна и интересна игра која ќе го занимава вашето дете, истовремено помагајќи му да ги научи буквите или да го провери читањето и да ја подобри својата меморија“, велат од Codewell.

Играта е едноставна и за успешно завршување е потребно да се пронајдат парови на животни и букви. По пронаоѓање на сите букви, апликацијата ќе го „прочита“ зборот кој е скриен во играта. Втората игра е криенка и децата треба да го пронајдат бараното животно кое е скриено некаде на фармата. Играчите дознаваат кое животно го бараат преку аудио прашање кое го поставува апликацијата. Играта завршува откако ќе бидат пронајдени сите животни.

Покрај Фарма, CodeWell моментално е актуелен и со говорниот асистент MarkO, кој треба да биде претставен на Demo Day на Hubraum Krakow.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments