Видео сервисот на Facebook, Facebook Watch една година по американското деби, излегува глобално. Сервисот започнува да „емитува“ глобално од четврток, јави Variety.
Друштвената мрежа пренесува различна содржина од спорт до клипови и серии. Facebook Watch е, или барем треба да биде платформа која ќе биде конкурент на YouTube. Сепак и по една година не стигнаа до поголема публика. Резултатите на анкета направена на 1 632 испитаници, покажа дека половината никогаш не ни слушнале за Facebook Watch. Од останатите 24% кажале дека слушнале за платформата но никогаш не ја користеле, велат од Diffusion Group. Само 6% од испитаниците ја користат платформата секој ден, а 14% барем еднаш неделно.

TDG: A Year After Launch, Awareness and Use of Facebook Watch Remain Modest (PRNewsfoto/The Diffusion Group)
Полека и поголеми холивудски имиња доаѓаат на листата на креатори на содржина, но динамиката најверојатно на ја задоволува друштвената мрежа. Џејда Пикет Смит, Беар Грилс и Елизабет Олсен имаат, или наскоро ќе добијат серија или шоу.
Што се однесува до поделбата на заработката, 55% добиваат креаторите на содржина, a 45% Facebook. Секако заработката е од реклами, но не сите креатори на содржина можеа да постават реклами на своите канали. Дел од ограничувањата се од бројот на гледачи, но засега реклами се достапни единствено за САД, Ирска, Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија.







