Facebook и Shopify за здружија за нова платформа за е-трговија

Минатата недела Shopify и Facebook го објавија своето партнерство за креирање на нова платформа за онлајн продавници на Facebook и Instagram.

Развојот на продажба на Facebook можеби е забрзан од пандемијата, но не е нова идеја, Shopify и Facebook на проектот работеле веќе половина година.

Shopify е платформа за над 1 милион бизниси што го трансформираат начинот на кој купуваме. Со Facebook Shops ја обединуваме техничката индустрија да им помогне на претприемачите во овие тешки времиња, вели Тоби Лутке, директор на Shopify. Со комбинација на продажните можности на Shopify и досегот и големината на Facebook, ја спуштаме бариерата за претприемништвото и ја унапредуваме иднината на е-трговијата.

Facebook Shops според најавите треба на помалите бизниси да им овозможи полесен начин за онлајн продажба. Глава предност на платформата е едноставноста со која продавачите ќе може да ги стават на продажба своите производи на Facebook и Instagram. Со оглед на тоа дека ова се друштвени мрежи со повеќе милијарди корисници ова никако не може да се занемари.

Новата платформа секако ќе ги задржи корисниците на Facebook, а за Shopify ќе биде уште една платформа на која ќе биде присутен. Сепак гигантите велат дека малите бизниси кои сега се мачат и немаат онлајн присуство, полесно ќе се префрлат онлајн. За сопствениците на овие бизниси ова ќе биде можност за продавање директно преку Instagram и Facebook, а за купувачите ќе биде искуство кое ќе ги инспирира да купуваат, велат од Facebook.

За Facebook ова не е прв случај периодов да им помогне на помалите бизниси. Друштвенaтa мрежа по пандемијата на Ковид-19 основаше фонд од 100 милиони долари за поддршка на малите компании.

Facebook Shops е бесплатен и според најавата ќе овозможи интеграција со куп платформи, а продавачот ќе треба единствено на една локација го уредува својот каталог. Податоците за платежните картички ќе се чуваат на едно место и ќе користат на сите локации кои ќе бидат достапни на почеток или ќе бидат додадени подоцна. Друштвената мрежа ќе заработува кога корисникот кој закупил реклами користи Facebook како „чекаут“.

И иако друштвената мрежа ќе има заработка од новата платформа, не може да се превиди фактот дека и сите продавници кои во моментов немаат никакво онлајн присуство ќе имаат придобивка.

„Ако не можете да ја отворите физичката продавница или ресторанот, тогаш мора да продавате онлајн и да им испорачувате на луѓето. Забележуваме многу мали бизниси кои за првпат се онлајн“, вели Марк Закерберг во најавата на Facebook Stores.

Засега нема најава дека било како податоците за продажба ќе бидат споделени до пријателите на друштвените мрежи, но ова можеби и ќе биде додадено во иднина.

Ова е едно едноставно и конзистентно искуство во цело семејство на апликации, што значи дека ќе им биде полесно на луѓето. Ова секако значи дека ќе има и поголема конверзија и поголема продажба за малите бизниси.

Она што можеби е помало изненадување е дека основачот на Facebook откри дека и самиот учествувал во развојот на платформата.

Од најавата купувањето, пронаоѓањето и разгледувањето на производите делува навистина едноставно за купувачите. Производите се насекаде, од страниците на продавачите на двете платформи (Instagram и Facebook), во делот за Stories и секако во рекламите. Корисниците освен што ќе можат да купуваат производи директно од овие продавници, ќе можат и да ги зачуваат производите кои им се допаѓаат.

Во општ случај плаќањето ќе биде на страницата на продавачот, а секако постои целосна интеграција за комуникација со Facebook Messenger, WhatsApp или Instagram Direct.

„Штом купувачот одлучи да потроши пари, вообичаено ќе биде упатен на страницата на продавачот за да ја завршат трансакцијата“, пренесува BBC.

Апликациите на друштвената мрежа ги користат над 160 милиони мали продавници. Најголемиот дел од нив се погодени од епидемијата и социјалното дистанцирање. Дури една третина од продавниците престанале да работат, а уште 11 отсто би можеле да пропаднат во следните три месеци, пишува Verge.

Facebook ветува дека во иднина ваква интеграција следи и за WhatsApp, Messenger и Instagram Direct. Во иднина дури ќе може да се одбележат производи во стримови во живо.

Секако пазарите во кои продавниците ќе бидат достапни се стандардните, САД, Канада, државите од Европската Унија, Јапонија, Јужна Кореја.

Овој новитет нема да остане незабележан од противниците на најголемата мрежа кои и пред оваа сметаа дека Facebook има премногу влијание. Предност е што Facebook со исклучок на неколку паметни уреди не продава ништо друго, па барем во прво време нема да има проблеми со конкуренција.

Веројатно најзагрозени од отворањето на Facebook Stores се платформите како Ebay или Etsy. Дали и какво влијание ќе има оваа продавница врз нив ќе видиме веројатно наскоро.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments