Facebook и Ray-Бan претставија очила со камера

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Најпопуларната друштвена мрежа Facebook и производителот на очила Ray-Ban претставија „паметни“ очила. Ray-Ban Stories по ништо не се разликуваат од обични очила, и единствена разлика е што доаѓаат со вградена камера и звучници. Цената на овие очила започнува од 300 долари.

На рамката, во аглите кај рачките, се сместени две мини камери кои снимаат видеа или фотографии во видното поле на корисникот. Овие видеа и фотографии се праќаат на мобилната апликација Facebook View, и оттука може да се споделат на друштвената мрежа, но и на други апликации кои корисникот ги има на телефонот или да се зачуваат како видео.

Ако ова ви изгледа познато, тоа е затоа што функционалноста на очилата е иста како првата генерација на Spectacles. Секако Ray-Ban е препознатлив бренд, но и очилата на Snap излегоа пред речиси точно 5 години. Иако дизајнот на Stories е далеку подобар, последниот модел на Spectacles доаѓа со проширена реалност. Ако го исклучиме дизајнот и популарноста на брендот, Facebook и Ray-Ban успеаја да ги креираат Spectacles на Snap 5 години подоцна.

Дури и самата почетна цена е проблем, бидејќи е превисока во споредба со уредите кои Facebook веќе ги има на пазарот и се далеку попримамливи за љубителите на технологија. Сетот за проширена реалност Oculus Quest 2 доаѓа со почетна цена од 300 долари и нуди многу повеќе од снимање видео (иако не нуди и снимање видео).

Ray-Ban Stories се достапни во продажба онлајн и во продавниците во САД, Австралија, Канада, Ирска, Италија и Велика Британија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments