Expert TV, добра идеја, но потребна е подобра реализација

во ИТ.МК

Неколку телевизии во Македонија имаат контактни емисии во кои гости се доктори. Ако барем еднаш сте погледнале некоја од овие емисии, најверојатно веќе знаете дека постои огромен интерес од гледачите.

Македонската апликација Expert TV нуди токму ваква или барем слична содржина. Лекари специјалисти говорат на теми за здравјето. Содржините се пренесуваат преку релативно куси видеа, во кои може да се дознаат интересни информации. Освен Android и iOS верзија, Expert TV е интегриран и во сајтот Црнобело.

Image courtesy of Expert TV

Expert TV всушност е своевиден телевизиски канал, на кој лекарите зборуваат за одредени дијагнози, медицински процедури и помагала. Сè во апликацијата е достапно бесплатно, и според креаторот на апликацијата станува збор за проверени и точни податоци. Досега се покриени куп теми, а бројот постојано расте. Еве неколку примери: „Како се третираат синуси?“, „Кои се најчести срцеви проблеми кај децата?“, „Дали се препорачува фитнес кај бремени?“.

Апликацијата за жал има огромен проблем и еве го:

Во ниту еден случај, освен можеби информативен, корисниците не смее да помислат дека податоци од интернет, па дури и видео совети од експерти се замена за посета на лекар. Дури и кога корисникот добива точни информации, нема никаква сигурност дека точно си ги дијагностицирал проблемите. Во повеќето случаи „одговорот на вашето прашање“ не може да го пронајдете онлајн. Корисниците мора да бидат свесни за ова, и да го посетат лекарот, пред да започнат самите да си даваат дијагнози. Токму советот за итноста на посетувањето на лекар е единствениот релевантен совет кои ваквите сервиси можат да им го понудат на корисниците.

Проблемот со самодијагностицирањето со помош на интернет не е ексклузивен за Македонија. Најголем проблем е што луѓето често немаат доволно предзнаење за да ги препознаат сите симптоми. Специјализираните сервиси со кои корисниците можат да си ги проверат симптопмите даваат точни резултати во 80% од случаите, а самоиницијативното пребарување по Интернет 64% од времето, пишува Џејк Милер од Харвард.

Expert TV може да прерасне во навистина функционален сервис

Апликацијата всушност има огромен потенцијал. Наместо говорењето на различни теми корисникот да може во живо да се консултира со лекар. Ова може да се оствари и преку видео разговор, или ако е потребно со дополнително закажување на термини.

Сервисот е интегриран со Facebook, па преку Facebook Messenger секој корисник може да постави прашање.

Сегашните експертски видеа може да останат, но не би требало да бидат главна функционалност на апликацијата. Expert TV би можел да биде добра алатка со која пациентот би се запознал со можните решенија откако ќе ја добие вистинската дијагноза од лекарот.

Апликацијата е достапна во App Store и во Google Play.

Повеќе видео платформи на кои граѓаните можат да се информираат

Expert TV е сервис кој ќе ви се најде ако имате прашање од медицината, но што е со другите прашања?

Само прашај е сервис налик на овој, со кој читателите може да добијат повеќе податоци од јавен интерес. Прашањата вообичаено се од теми од законуте за локана управа или повеќе социјални теми кои се од интерес на сите граѓани.

Види Вака е уште една платформа која не одговора на прашање, но има куп интересни одговори на најразлични теми. Платформата е разнолика и интересна, а може да се дознаат куп информации.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments