Eвтината и убава Македонија е одлично место за вашиот стартап

Главната причина зошто стартапите се неуспешни е немање доволно кеш за да опстанат. Затоа најдобро е да ја планирате вашата инвестиција во земја каде тоа оддржување ќе биде евтино. Македонија, Мороко, Полска, Бугарија, Малeзија, Тајланд, Никарагва, Мексико… се одлични места за вашиот стартап, вели стартап евангелистот Ана Витал во својот инфографик објавен на Founders and Founders.

Сан Франциско е рајот за стартапите бидејќи таму е сконцентриран огромен капитал, но за да се допре до таа златна кокошка мора да се има готов продукт. Во Сан Франциско се трошат до 3.000 долари месечно за живеење и мавање на инвеститорите. Затоа многу стартапи се селат во други евтини земји во обид да си ги намалат трошоците, барем додека не креираат продукт. Меѓу тие евтини земји е и Македонија. Според г-ѓа. Витал, Македонија покрај евтините услуги и продукти, нуди и „убава природа покрај модерни градови. Охрид е убав предел покрај езеро“.

Токму поради евтините услуги, многу македонски стартапи и компании работата за странски клиенти како оутсорс програмери, дизајнери, маркететери и фриленсери. Но, тоа што недостасува се секако уште локални стартапи кои креираат продукти и мобилни апликации кои подоцна ќе можат да ги престават надвор за многу пари. Примери како Tesseract Games, или постари стартапи како SportyPal, се повеќе исклучок од правилото, отколку оптимистички напредок на ИТ сцената. За жал, дури и во евтината Македонија, многу стартапи едвај имаат кеш да издржат тим од програмери, а камо ли да се посветат со месеци на развивање на уникатен продукт. Да, фалат инвеститори кои ќе дадат креативна слобода, но и фали креативност која ќе привлече инвеститори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Мора
Мора
13 years ago

Кој мава инвеститорим и со што, ако може да објасните, затоа што и ја сакам да мавнам/удрам некого и да потпишам договор со него да ми префрли едно милионче. Фала однапред.

*Или на кумановски дијалект мириса работава :(

Боки
Боки
13 years ago

Кај нас недостасуваат инвестициски фондови кои би поддржале свежи и иновативни идеи. Има многу знаење и ум во оваа мала државичка само недостасува поврзување на луѓето со идеи и концепти со тие кои можат тоа финансиски да го поткрепат. Тешко се стигнува до капиталот.

види ги сите огласи на kariera.it.mk