0 коментари 2 мин. читање 24 ноември, 2014

Eвропскиот парламент сака да го подели Google

Европскиот парламент би можел да побара од Google да се подели на две компании. Едната од компаниите би бил одделот за пребарувачот, а во втората би останале сите други сервиси на компанијата, јавува Financial Times. Но, Парламентот засега нема законска моќ да влијае врз Google и другите пребарувачи, освен да им врши притисок самите да се поделат.

Иницијативата не го наведува Google специфично, туку се однесува на интернет пребатувачите и нивно одделување од други комерцијални услуги. Но, и без да се спомне Google јасно е дека тој ќе биде првиот на удар бидејќи над 90 отсто од пребарувањата во Европа доаѓаат токму преку компанијата од Маунтан Вју. Предлогот содржи „барање од Комисијата да разгледа можност за разделување на пербарувачите од останатите комерцијални сервиси како можно решение на долг рок“. Притисокот врз Google најверојатно ќе зајакне во следните месеци бидејќи иницијативата ја доби поддршката од европските парламентарци.

„Комисијата не може да ја побара тајната на Google алгоритмот, затоа мора да бараме други решенија“, вели Рамон Тремоса, парламентарец кој ја подржа иницијативата.

Европската Унија има неколку спорови со Google од приговори за рекламите кои се појавуваат при пребарувањето, до правата за приватност и барањата за симнување на линкови од корисниците.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top