Европа ќе го напушти гео-блокирањето на веб содржина. Ова е официјален став на Европската Комисија кој го објави во Новата единствена стратегија за маркетинг. Целта на промената е подобар и поширок пристап на корисниците до дигитални услуги и добра, јавува TorrentFreak.
„Сакаме секој корисник да го има најдоброто, а секој бизнис пристап до најширокиот пазар – каде и да се наоѓаат во Европа.“, вели претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер.
Европа верува дека е неправедно некои содржини да бидат достапни само во одредени земји. Дел од услугите кои се достапни бесплатно или се плаќа претплата за нив, како BBC iPlayer, Amazon Instant Video и други, не се достапни во други држави освен матичните, што според Европската комисија не е фер за корисникот. За имплементација на новата стратегија се прават измени и во законот за авторски права, што ќе овозможи корисниците кои купиле некоја содржина во некоја европска држава, да имаат пристап до истата во сите држава. „Европа има предности кои треба да ги искористиме, но пред нас има многу работа. Индистријата треба да се прилагоди, а граѓаните да го искористат потенцијалот на новите дигитални услуги и добра“, вели Гунтер Отингер, комесар за дигитална економија и општество.
Во новата стратегија е додедена и „Европска иницијатива за слободен пренос на податоци“ што ќе го реши проблемот што веб сервисите го имаат со префрлување на корисничките податоци во други земји, но кои „се ограничувања што немаат никаква врска со приватноста“. Ова би требало да охрабри многу нови европски стартапи да бидат поиновативни, и да дојдат до поголема публика. Најавено е и креирање на „европски облак“ за издавање на сертификати и истражување на облакот.