Советот на Европа побара од САД гаранција за фер судење за поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, кој достави до медиумите доверливи документи за како NSA ги следи интернет и мобилните комуникации. Барањата на комисијата се САД да овозможи г. Сноуден да се врати дома, моментално е во Русија, и да му биде овозможено да се брани со „јавен интерес“, иако одбраната „во интерес на јавноста“ не е овозможена за протекувачите на иформации, јави Intercept. Барањето доаѓа по носењето на резолуција за заштита на објавувачите на информации.
Европската Унија донесе акт со кој ги заштитува изворите на доверливи податоци. Актот е донесен со огромно мнзинство, 88 гласа „за“, 7 гласа „против“ и 10 воздражни. Резолуцијата ја поддржаа и македонските претставници Владимир Ѓорчев и Ермира Мехмети-Деваја. Заштитата на објавувачите според законот треба да важи за сите и за вработените во јавниот, но и во приватниот сектор.
Членот 10.2 на актот е посветен на Едвард Сноуден и гласи: „САД треба да му дозволат на Едвард Сноуден да се врати без страв од криминален прогон, под услови кои ќе му овозможт да го користи јавниот интерест како одбрана.“
„Решението е навистила силно. Претставува вистински исчекор… Доколку можете да се браните дека објавата на информации е од јавен интерес – тогаш може да има фер судење“, вели Едвард Сноуден по донесувањето на актот.
Тоа што несомнено ќе претставува проблем е можноста на обвинителството да побара забрана за објавување на податоците, поради можност за нарушување на државната безбедност. Неодамна Челзи Мениниг, изворот на Wikileаks за доверливите документи од војните во Ирак и Авганистан, беше жртва на истата одбрана од обвинителот, па поради државна безбедност, целокупната негова одбрана беше прогласена за недопуштена во судскиот процес.