ЕУ му нареди на Google да се однесува како што треба во конкурентски пазари

во ИТ.ЕУ

Eвропската комисија го предупреди Google дека има четири можни „злоупотреби на доминацијата“ за која што ќе може да го казни, и му даде на ИТ гигантот неколку недели да си најде решение на тие пропусти.

Ова предупредување доаѓа по истрагата која Комисијата ја започна во 2010 година да провери дали Google манипулира со резултатите од пребарувањето за да промовира свои продукти.

Според Европската Комисија, четирите можни злоупотреби се 1) вертикално поврзување на свои сервиси кои се појавуваат поинакво од линковите на конкрентите; 2) копирање на содржина без дозвола од конкурентите и користење на истата за свои продукти за да ги демотивираат конкурентите да креираат уште содржина, пример, рецензии на продукти; 3) проблем се и договорите кои Google ги прави со партнерите за ексклузивно поставување на реклами и 4) ограничувањата кои Google ги поставува на онлајн рекламите преку AdWords платформата кои се појавуваат на платформите на конкурентите.

Ако Google ја направи Комисијата среќна, тогаш истрагата конечно ќе се заврши и ќе се избегнат казни, вели евро-комесарот за конкуренција Џоаким Алмунија. Google најверојатно ќе ја наведне главата и ќе се потчини бидејќи знае дека ЕУ може да наметне огромни казни, како на пример казна од 1,3 милијарди долари кои Microsoft мораше да ги плати во 2008-ма година бидејќи не ги проследи барањата на Унијата.

Но, ова не значи дека Европската комисија ќе го остави Google на мир. Следува истрага за мобилниот систем на Google, Android, и како тој се натпреварува со другите мобилни ОС.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments