2 коментари 2 мин. читање 30 септември, 2013

ЕУ ќе го принуди Apple да користи универзални USB полначи

Поради иницијативата која е пред Европскиот Парламент, веројатно е дека microUSB приклучоците за полнење на телефоните и таблет компјутерите ќе бидат задолжителен стандард во Европа. Ваквиот развој на настаните најмногу ќе го погоди Apple, кој се чини сè уште не е подготвен да ги напушти своите 30-пински приклучоци кои се користат за постарите модели на iPhone и iPad, и lightning приклучоците на iPhone 5, 5C и 5S.

Ова не е прв обид за стандардизација на приклучоците за мобилните уреди. Сепак досегашното решение беше необрзувачко. Со носење на новиот закон Европскиот Парламент ја промени одлуката од 2009 година, која иако необврзувачка беше потпишана и од Apple, кои сепак се решија да не потстапат по неа. Kомпанијата од Купертино сепак има решение за ова – адаптери со 30-пински-microUSB конектори, но овојпат ќе мора да доаѓаат заедно со телефоните.

Како и сите останатите закони во Европскиот Парламент, откако ќе биде изгласан законот ќе оди на ратификација во парламентите на земјите членки на Унијата. „Ги повикуваме земјите членки и произвидителите на телефони, што побрзо да воведат универзален полнач, со што ќе се стави крај на хаосот со кабли за мобилните телефони и таблет компјутери.“, вели германскиот претставник, Барбара Веилер.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
sasdadsadsa
sasdadsadsa
12 years ago

печатна грешка имате, iphoen

IT.com.mk
Admin
12 years ago
Reply to  sasdadsadsa

Поправено, фала. :)

Мени
Заедница
Изглед
To top