1 коментар 1 мин. читање

Новосадскиот Eton Digital стартува онлајн берза за органска храна

OrganicNet e е-продавница за органска храна креирана од стартапот Eton Digital од Нови Сад. Проектот е поддржан од Европската унија, од германскиот акцелератор Flinish со грант од 134.000 евра.

Она што OrganicNet ќе им го овозможи на корисниците е можност да купуваат производи кои без сомневање се органски и здрави. Берзата е корисна за продавачите и за купувачите на здрава храна, и засега изгледа дека е насочена на поголемите купувачи, иако нема ограничување во количеството на производи кои можат да се купат. Со оглед на тоа дека станува збор за интернет платформа би било глупаво да не ја искористат најголемата предност – да се рецензираат продавниците преку коментари на корисниците.

Платформата започнува со својот развој во Србија, но планирана е да биде глобална берза на органска храна. До крајот на годината се предвидува влез на поголем број на пазари. „Како друштвена берза и платформа за споделување на знаење, OrganicNet е посветен на промоција на органското движење и здравиот начин на живот. Платформата е бесплатна за купувачите, а производителите е бесплатна првите шест месеци, а потоа се наплаќа членство“, велат од OrganicNet за Netokracija.

organicnet

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top