2 коментари 2 мин. читање 28 септември, 2011

Ештон Качер си ги рекламира инвестициите на Two and a Half Men

Ештон Качер си ја користи новата улога во хит серијата Two and a Half Men (тој го замени Чарли Шин), за да ги рекламира интернет компаниите во кои има инвестирано. Се разбира поради овој потег веќе има проблеми со телевизиската куќа CBS.

Многумина го знаат Ештон Качер како глумец од претежно комедии и не се свесни дека е всушност одличен бизнисмен кој знае да инвестира во вистинските интернет компании. Слично како и во приватниот живот, Ештон во серијата Two and a Half Men е интернет милијардер. Во една од сцените од втората епизода, на неговиот лаптоп јасно се гледаат логоата на Foursquare, GroupMe, Flipboard, Chegg, и HipMunk, компании во кои Ештон Качер има инвестиранo. Станува збор за навистина одлична реклама, кога ќе се земе во предвид фактот дека оваа епизода била проследена од 20 милиони гледачи. Се разбира ова не им се допаднало на извршните продуценти од CBS, бидејќи не било платено за нивно рекламирање.

Покрај горенаведените компании, Ештон Качер исто така има инвестиранo и во многу други интернет компании, меѓу кои се Fab.com, SeatGeek, Path, Skype, Fashism. UberMedia, Blekko, Milk, Zaarly, Ooma, Blah Girls, и Airbnb. Многумина од бизнис светот го сметаат за еден од поуспешните инвеститори во интернет технологиите. Одличен пример за успешна инвестиција е Skype, компанија која беше продадена на Microsoft за 8 милијарди долари. Ештон не открива колку пари инвестира во одредена компанија, меѓутоа според неофицијални извори се претпоставува дека финансира од 50.000 до 200.000 долари од компанија.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
TNT
TNT
14 years ago

Сељак…

221
221
14 years ago

Ештон е како нов нуб ќе отиде на познат форум и во првото мислење ќе ја спомне/рекламира својата страна

Мени
Заедница
Изглед
To top