0 коментари 1 мин. читање

Епско Google doodle за 60-годишнината на првата книга од Станислав Лем

Google претстави неверојатно doodle, цртеж на почетната страна за да ја прослави 60-годишнината на објавувањето на првата книга на полскиот научно-фантастичен писател Станислав Лем.

Иако doоdles се секогаш забавни, овојпат Google се надмина себе си објавувајќи неверојатно интерактивно doodle со цртано роботче кое сака да состави друг поголем робот. Посетителите на google.pl ќе треба да решаваат мали логички задачи за да го склопат огромниот робот. Анимациите на ова doodle се инспирирани од илустрациите на Даниел Мроз од кратките приказни The Cyberiad oд Станислав Лем.

Станислав Лем е познат по бројните поеми, кратки приказни, есеи и книги напишани во 1940-1950-тите години, а прв пат објавени во 1955 година откако е укината цензурата по смртта на комунистичкот лидер на тогашната СССР, Јосиф Сталин. Најпознатите дела на Станислав Лем се The Cyberiad објавен во 1965-та и секако Solaris, по која се снимени истоимените филмови на Андреј Тарковски во 1972 и Стивен Содеберг во 2002-ра година.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top