0 коментари 2 мин. читање 26 август, 2013

Елон Маск започна да работи на вистински Iron Man

Креиравме начин за дизајнирање делови од ракети со гестикулации низ воздух, сега единствено ни треба квалитетен холограф генератор, твитна Илон Мaск. Оваа изјава сите ги потсети на Тони Старк и начинот на кој Ironman ги креира своите апарати. Ова дури не е прв пат основачот на Tesla Motors, PayPal и Hyperloop да биде прогласен за Тони Старк на нашето време, тој дури накратко се појави во Iron man 2.

Ако неговата објава ви изгледа неверојатно, тогаш вториот твит уште повеќе ќе ве изненади. Во SpaceX веќе се подготвени за презентирање на видео од креацијата на делот со гестикулација, а потоа и негово лиење во титаниум. На прашањето дали станува збор за слична технологија како во Ironman, г. Муск одговори: „Да. Ја видовме во филмот и ја направивме реалност. Одлична идеја!“.

За сега нема повеќе детали од креирањето на делови со гестикулации, но со нетрпение го очекуваме видеото следната недела.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top